Медицинската сестра од Русија, која по бикини и проѕирна заштитна опрема се појави во ковид-болница, доби поддршка од жителите на Самара, откако беше отворена дисциплинска постапка за неа. Жителите се фотографирале во долна облека, за поддршка на медицинарката, која, за многумина е симбол на борбата против коронавирусот.
Жители Самары запустили хештег #поракупальников и сфотографировались в купальниках и комбинезонах на пляжах, во дворах и в магазинах. Они решили поддержать медсестру из Тулы, которая ходила так по больнице.
Тг-канал Самара в курсе. pic.twitter.com/o2Kw5mRw4b— ?Проблемы Самары? – ☎️ Азаров, Алло?! (@Azarov_Allo) May 23, 2020
За нивната поддршка да допре до надлежните, тие се фотографираа облечени во костуми што ги носат медицинарите секојдневно, а потоа, истите ги споделуваа на социјалните мрежи. За искуството со носење на заштитната опрема, велат дека во неа е неверојатно жешко.
Жителите на Самара ги поканија и останатите на исти начин да ја испробаат заштитната опрема и да ја поддржат медицинската сестра од Тула.
По оваа акција, надлежните во болницата каде што работи медицинската сестра, одлучиле тие да не биде казнета.