Здравствениот систем во Чиле е пред колапс

Од:

Пандемијата на новиот коронавирус го доведе здравствениот систем во Чиле пред колапс, изјави шефот на државата Себастијан Пињера.

– Свесни сме од фактот дека здравствениот систем е под огромен притисок. Многу сме блиску до колапс бидејќи се зголемени потребите и барањата за медицински третман, кревети на интензивна нега и респиратори, истакна Пињера.

Во Чиле досега се потврдени речиси 70.000 заразени случаи со Ковид-19, а починати се повеќе од 7.000 луѓе.

Главниот град Сантијаго, кој е под строги мерки на изолација, е епицентар на епидемијата во таа земја. Изминатите денови во градот избија немири поради рестрикција и недостиг на храна, при што демонстранти се судрија со полицијата.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски