Асад го обвини Запад дека дава поддршка на Ал Каеда во Сирија

Од:

Сиријскиот претседател Башар ал Асад, вчера го обвини Запад дека ја поддржува терористичката мрежа на Ал Каеда во Сирија и порача дека цената за таквата постапка ќе мора да ја плати.

-Запад ја финансираше Ал Каеда во Авганистан на самиот нејзин почеток, поради што подоцна скапо плати- изјави Асад за еден државен медиум и додаде дека Запад сега ја поддржува мрежата во Сирија, но подоцна цената ќе ја плати во срцето на Европа и САД.

Асадовиот режим од почеток на кризата во Сирија, антирежимските сили ги именува како терористи и истакнува дека бунтот против претседателот е заговор кој го водат екстремистите со поддршка од странство.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски