Aвионска несреќа направи голема штета во Пакистан

Од:

Две лица го преживеаа уривањето на патничкиот авион во Пакистан, соопштија локалните власти.

Иако претходно беше соопштено дека нема преживеани во авионот со 98 патници и екипаж, подоцна е соопштено дека две лица го преживеале падот на авионот, кој се урна во населена област во Карачи.

Во првите извештаи беше посочено дека во авионот имало 107 патници и членови на екипажот, но подоцна е прецизирано дека имало 91 патник и седум членови на екипажот.

Градоначалникот на Карачи, Васим Ахтар изјави дека се уништени неколку куќи во падот на авионот на пакистанската авиокомпанија ПИА (Пакистан интернешенел ерлајнс).

Засега не е познато дали некој загинал во тие куќи.

Авионот летал од градот Лахоре до Меѓународниот аеродром Џинах во Карачи, еден од најпрометните аеродроми во Пакистан.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пилотот дал тревога откако авионот останал без еден мотор.

Несреќата се случи неколку дена откако Пакистан ги обнови комерцијалните летови во земјата.

Тие врски беа прекинати повеќе од еден месец, како резултат на епидемијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица