Полицајаци од Тетово добиле закани во два инциденти

Од:

Два инцидента бележи вчера тетовската полиција во кои нивни службеници биле мета на закани за физички напад како и неовластено снимање. Полициски службеник пријавил дека додека со возилото на неговиот другар Ф.И.(24) од Тетово оделе заедно до полициската станица за на работа, вчера околу 19 часот на улица „107“ патничко возило им го попречило патот.

-Во возилото било лицето С.А. заедно со татко му и уште еден човек, по што се обиделе физички да ги нападнат и им се заканувале. Потоа, според пријавеното, со возилото ги следеле до полициската станица Тетово. Лицата се повикани на разговор во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи и соодветен поднесок, соопшти денес СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден на булевар „Илинденска“, полициски службеник од сообраќајната полиција неовластено бил сниман од М.Р.(34) од Тетово додека извршувал службени дејствија во врска со неговото погрешно паркирано возило „фолксваген пасат“ со косовски регистарски ознаки. М.Р. одбил да престане и да ги избрише снимките од телефонот, по што бил лишен од слобода. Преземени се соодветни мерки, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов