Курти телефонски се консултирал со Пендаровски за политиката во регионот и коронавирусот

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска имал телефонски разговор со Албин Курти, вршител на должноста премиер на Република Косово.

Во разговорот, на барање на косовската страна, соопшти кабинетот на шефот на државата, Пендаровски и Курти размениле мислења и информации поврзани со билатералните односи меѓу двете соседни земји, како и за актуелните политички состојби во регионот на Западен Балкан.

– Соговорниците исто така разговараа и за пандемијата на КОВИД-19, мерките кои се преземаат во двете земји за заштитата од коронавирусот и справувањето со последиците од пандемијата. Во таа насока беше заклучено дека од големо значење е соработката меѓу земјите на билатерална и регионална основа, како и поддршката која Европската Унија ја пружа на регионот со цел закрепнување од кризата, не само на здравствен, туку и на економски план, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Курти во Скопје, МВР најави посебен режим на сообраќај

Атифете Јахјага негира каква било поврзаност со досието Епштајн

А1он

Во возило во Приштина пронајден е мртов политичар од партијата на Харадинај

А1он

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он

ВИДЕО: Поплави во Косово, блокирани патишта

Курти: Косово и Србија мора да ги нормализираат односите

А1он