Од страна на Конзервативната партија во Романија се подготвува предлог закон со кој се предвидува бабата и дедото да добиваат месечен паричен надоместок доколку чуваат дете кое има две или три години, доколку неговите родители се на работа.
Платата која ќе ја добиваат изнесува 170 евра.
Како причина за ваквиот предлог закон, конзервативците ја наведуваат идејата за зголемвуање на наталитетот во земјата.
Фондот за население на ОН претходно предупреди дека романската нација се повеќе старее.