Грчкото МНР го осуди палењето на турското знаме во Атина

Од:

Грција на најкатегоричен начин осудува било каква навреда на националниот симбол на било која земја, а во конкретниот случај на Турција. Таквите чинови се спротивни на културата и традициите на грчкиот народ, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, откако вчера пред грчкиот Парламент беше запалено турското знаме, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на собирот за одбележување на Денот за сеќавање на геноцидот врз пондијските Грци во центарот на Атина, според грчките медиуми, знамето било запалено од мала група граѓани, кои веројатно не биле поврзани со организаторите на настанот.

Се создала и мала тензија кога организаторите, се обиделе да ги спречат било какви инциденти, како и да се запали знамето.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он