Кина побара независна процена на одговорот на СЗО

Од:

Претседателот на Кина, Си Џинпинг апелираше за независна процена на глобалниот одговор на Светската здравствена организација на пандемијата со Ковид-19 кога ситуацијата ќе биде ставена под контрола.

Тој во обраќањето преку видео врска на денешното Собрание на СЗО вети две милијарди долари во текот на две години за справување со новиот коронавирус.

Си застана и во одбрана на Кина како реагираше на кризата предизвикана од Ковид-19.

Во текот на дводневниот состанок на СЗО се очекува министрите за здравство од целиот свет да подддржат независна процена на глобалниот одговор на СЗО на пандемијата со новиот коронавирус.

Исто така е предвидено да се разгледа предлог резолуцијата на Европска Унија која бара независна проценка на работата на СЗО, предводена од генералниот директор Тедрос Адханом Гебереисус.

Нацрт-резолуцијата е поддржана од 116 од 194 земји-членки на СЗО.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија