Северна Кореja нeма да преговара сo САД

Од:

Северна Кореја нема да се враќа на преговарачка маса со САД, соопшти севернокорејската информативна агенција. Пјонгјанг нема да седне на „понижувачка преговарачка маса со земјата, која „мавта со нуклеарен стап“, се вели во изјава на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

– Настојувањето од страна на САД Северот да покаже „готовност за откажување од нуклеарното оружје“, пред какви и да било преговори е „многу дрско непријателско дејство“, се наведува во соопштението.

Државниот секретар на Вашингтон Џон Кери го повика Пјонгјанг минатата седмица да преземе чекори за откажување од нуклеарно оружје и да дозволи обновување на шестраните преговори, вклучувајќи ги двете Кореи, Јапонија, САД, Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња