Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, се тестираше за Ковид-19 на редовната прес-конференција за новинарите.
„Не одам редовно на доктор“, рече Куомо, откако му беше земен брис од носот, додавајќи дека „не сака инекции“.
Тој рече дека сака да покаже дека тестот се спроведува лесно и дека ги охрабрува граѓаните да се тестираат.
.@NYGovCuomo gets a coronavirus test. pic.twitter.com/LHyESQrv5K
— Jesse McKinley (@jessemckinley) May 17, 2020
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Њујорк во саботата изнесуваше 139, нешто пониско во однос на петокот, кога имаше 157 смртни случаи.