Во Камбоџа нема повеќе ниту еден активен случај на Ковид-19

Од:

Последниот пациент инфициран со Ковид-19 во Камбоџа оздраве и излезе од болница, така што во земјата нема ниту еден активен случај, изјави денеска министерот за здравство на Камбоџа, Мам Банхенг.

Во Камбоџа беа евидентирани 122 лица заразени со Ковид-19, а ниту едно лице не почина од последици на новиот коронавирус.

Последниот случај во Камбоџа беше регистриран на 12 април, а од почетокот на епидемијата биле спроведени 14.684 тестови.

Но, здравствените власти предупредуваат дека нема да бидат намалени рестриктивните мерки односно и понатаму ќе бидат затворени училиштата, ќе има гранични контроли и ќе важат мерките за самоизолација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска