Меган Маркл „кршела“ срца во тинејџерските години

Од:

Војвотката од Сасекс, 38-годишната Меган Маркл се играше со момчињата додека одеше во средно школо и раскина со дечкото штом доби улога во серијата „Suits“, тврди нејзин другар од средно училиште.

Поранешниот другар на Меган од одделение откри дека таа била „срцекршачка“ во своите тинејџерски години.

Американската риалити ѕвезда Нема Ванд тврди дека Војвотката од Сасекс си „играла и со неговото срце“ во средно школо.

Тој во емисијата „Reality Life“ кај водителката Кејт Каси објаснил дека разговарал со уште неколку момчиња со кои Меган си „поиграла“ и раскажал за една ситуација кога имал 16 години.

– Таа знаеше точно што прави, си играше со нашите срца како професионалец, започна тој.

– Бевме на една забава, таа ми се доближи и се допревме нос со нос. За еден 16-годишник тоа е прилично емотивен момент, додаде Нема.

– Мојот пријател Габи со кој израснав се забавуваше со Меган во средно училиште, а после тоа со години беа пријатели, се додека не ја доби улогата во серијата „Suits“. По тоа само го избриша од нејзиниот живот. Тоа многу го повреди, рече тој.

– Меган беше прекрасна девојка, жена меѓу девојчињата. Сите беа заљубени во нејзе. Беше слатка и многу љубезна. Сите и се восхитувавме, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Меган и Хари отворија нова веб-страница

Тејлор Свифт е прва, а Меган и Хари се втори „најголеми губитници“ оваа година

Горан Наумовски

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата