Антикорупциската бара Владата сама да ги урива дивоградбите во Охрид и Струга

Од:

Државната комисија за спречување корупција ќе побара од Владата да ги преземе сите активности за им ги одземе ингеренциите на Општина Охрид и Општина Струга и таа да ги урива дивоградбите. Причината, според претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е премалата сума што Охрид во 2019 ја одделил за ангажирање фирма која треба да ги урне дивоградбите.

„Општина Охрид во 2019 година има еден договор со еден оператор, и тоа од 1,5 милион денари, со пресметан ДДВ. Сметаме дека тоа е премал износ и ДКСК ќе упати барање до Владата да ги преземе сите активности за да им ги одземе ингеренциите на сите општини, кои во овој регион се под заштита на УНЕСКО, и да се справи со бесправно изградените објекти. Со овие средства може да се урне една дивоградба, а ова упатува кон тоа дека има селективен пристап. Овој регион е под заштита на УНЕСКО и мислам дека Владата треба да ја преземе надлежноста и да заврши со бесправно изградените објекти“, изјави Ивановска.

Минатата година ДКСК поведе постапка и побара да се поништи тендерот за избор на фирма која требаше да ги урива дивоградбите бидејќи јавната набавка ја доби фирма што се поврзуваше со охридскиот советник Нефи Усеини. Тогаш антикорупционерите рекоа дека службено лице не може да воспостави деловни односи со правно лице што е во негова сопственост или во сопственост на член на семејството.

Во Охрид, според регистарот на Општината, беше утврдено постење на 1.076 дивоградби, од кои 409 во заштитено подрачје. Од нив, две се на охридскиот советник Нефи Усеини, кој без дозвола изгради бетонска база и летна тераса за пицерија, кои со месеци стојат нечепнати.

Би можело да ве интересира

13 кандидати за претседател на ДКСК

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски

Билјана Ивановска, кандидат на „Независни заедно“ за Центар заработи кривична пријава

Од денес Цвета Ристовска е нов заменик претседател на ДКСК

Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на ДКСК