Индонезијците кои ќе ги прекршат правилата воведени како дел од борбата против коронавирусот, во Џакарта ќе добијат необична казна – чистење на јавни тоалети облечени во специјален елек, за другите граѓани да знаат дека се казнети.
Чистењето на тоалетите е една од казните на списокот за непочитување на донесените мерки.
Како што се наведува, излегувањето на улица без маска се казнува со 250.000 рупии (15,5 евра), а граѓаните кои се групираат и покрај забраната, ќе треба да чистат јавни и тоалети во разни јавни институции.
Во Индонезија досега има 15.438 заразени со коронавирусот, а починале 1.028 луѓе.