Индија со 250 милијарди евра пакет за економска помош

Од:

Индискиот премиер Нарендра Моди објави пакет од 20 трилиони рупии (266 милијарди американски долари; околу 250 милијарди евра) за да се ублажат штетите направени врз економијата од новиот коронавирус и карантинот.

Во наредните денови, министерката за финансии Нирмала Ситараман ќе објави дополнителни детали за пакетот, што е околу 10 проценти од БДП на Индија, нагласи Моди.

– Овој план за ревитализација е наменет за … занаетчии, мали и средни претпријатија. Тоа е за работници и земјоделци кои работат деноноќно и за средната класа, кои ги плаќаат чесно своите даноци, рече тој во телевизиското обраќање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Путин: Му благодарам на Моди за неговата посветеност за мирно решение на војната во Украина

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски