А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Села: Нема избори без ОБСЕ-ОДИХР

by А1он12/05/2020 - 17:04387
Share0

Република Северна Македонија не може да си дозволи да одржи избори без присуство на наблудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР, изјави претседателот на Алијансата за Албаците, Зијадин Села, по лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски. Пред новинарите Села, истакна дека на овој состанок со лидерите на политичките парти и претседателот опширно дискутирале за ситуација со КОВИД-19 и заедно се договориле датумот на изборите да го одредат со консензус.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Државата ќе се обрати до оваа меѓународна институција за да ја види нивната подготвеност и времето кога тие може да ја пратат нивната набљудувачка мисија. Истовремено потребни се советувања со Државната изборна комисија, во врска со изборите. Во почеток на идната недела се договоривме да имаме нов состанок кај претседателот со цел да се договориме за финалната дата за изборите заедно и со консезус, изјави Села.

На новинарско прашање, Села додаде дека освен здравјето на граѓаните треба да се има предвид и здравјето на државата и општеството. Според него, неопходно е да се воведе парламетнарна демократија и избори мора да има.

– Верувам дека секој политички актер треба да има предвид дека на избори треба да се оди кога опасноста од вирусот е сведна на минимум. Според податоци и анализи од некои експерти, тоа е период кога температурите се високи. Но, за оваа треба да се изјасни и Комисијата за заразни болести, изјави Села.

Следете a1on на Youtube YouTube

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, исто така наведе дека со оглед на фактот дека тие како партија се во коалиција со Алијанса за Албаците, нивните ставови во средбата кај претседателот биле слични, односно тој потенцираше дека најбитно е здравјето на граѓаните и дека изборите треба да се одржат кога ќе има најдобри услови со цел што помалку граѓани бида изложени на опасности.

izborikoronavirus mkdliderska sredbaZijadin Sela

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

Горан Наумовски21/08/2026 - 10:34

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски21/08/2026 - 07:5521/08/2026 - 07:57

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Горан Наумовски20/08/2026 - 21:53

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

Горан Наумовски20/08/2026 - 20:44

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Горан Наумовски09/08/2026 - 20:50

Села: Албанска лига е за отворени листи, осум изборни единици и гласање на дијаспората електронски или по пошта на сите изборни циклуси

Катерина Ѓуровски07/07/2026 - 14:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео