САД ја обвинуват Кинa дека се обидува да ги хакира истражувањата за вакцина против Ковид-19

Од:

Американските агенции за компјутерска безбедност предупредуваат дека хакери од Кина се обидуваат да украдат податоци поврзани со испитувања на вакцини против Ковид-19.

Федералното истражно биро (ФБИ) и ИТ експертите веруваат дека кинеските хакери се обидуваат да украдат истражување за развој на вакцина против новиот коронавирус, објавија „Вол Стрит Журнал“ и „Њујорк Тајмс“.

ФБИ и Министерството за внатрешна безбедност имаат намера да издадат предупредување за кинеските обиди за хакерство во време кога владите ширум светот и приватните компании се натпреваруваат да развијат вакцина против Ковид-19.

Претставници на САД тврдат дека хакерите се поврзани со кинеската Влада, додека портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијанг ги отфрли ваквите обвинувања, наведувајќи дека Кина е против хакерски напади.

-Ние сме светски лидер во развој на вакцини и третман на Ковид-19. Неморално е да се нападне Кина со гласини и клевети и без никакви докази, истакна Лијанг.

Претседателот на САД, Доналд Трамп не ги потврди овие извештаи, но изјави: „Што има ново со Кина? Што е тука ново? Кажете ми. Не сум среќен со Кина. Многу внимателно го следиме тоа“.

Предупредувањето на САД што ќе следи ќе биде уште едно во низата предупредувања и извештаи кои ги обвинуваат хакерите што ги поддржуваат владите во Иран, Северна Кореја, Русија и Кина за активности поврзани со пандемијата на Ковид-19 во светот, од објавување лажни вести до напад врз индивидуални научници.

Според „Њујорк Тајмс“, ова би можело да биде вовед во контранапад на американските агенции што се вклучени во сајбер-војна.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција