ОН: Повеќе од половина милион заразени со ХИВ може да починат во Африка поради кризата со Ковид-19

Од:

Повеќе од половина милион луѓе во субсахарска Африка би можеле да умрат од болести поврзани со вирусот на Сида оваа година и следната, како резултат на здравствените проблеми што ги наруши пандемијата на коронавирус, предупредуваат агенциите на ОН.

Светска здравствена организација и Програмата на ОН за борба со ХИВ/СИДА нагласуваат дека испораките за лековите за такви пациенти (заболени од Сида) ќе бидат прекинати до шест месеци.

Во Камерун има проблеми со доставувањето лекови, во Боцвана веќе нема залихи.

Во ДР Конго здравствени работници не можат да ја вршат својата работа заради изолации.

Има информации дека лица со ХИВ не можат или не сакаат да отидат до клиники поради ограничувања или страв од Ковид-19, предупредуваат од ОН.

Во околу 10 држави од субсахарска Африка програмите за превенција од ХИВ не работат нормално.

Во 2018 година околу 470.000 луѓе починаа од Сида во држави јужно од Сахара каде се 61 отсто од смртните случаи од Сида во светот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски