Амбасадор на Малта поднесе оставка откако Меркел ја спореди со Хитлер

Од:

Амбасадорот на Малта во Финска поднесе оставка откако ја спореди германската канцеларка Ангела Меркел со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, јавуваат локалните медиуми.

Амбасадорот Мајкл Замит Табона наводно на Фејсбук напишал дека Хитлер бил запрен пред 75 години и прашал „кој ќе ја запре Ангела Меркел?“, Јавува Би-Би-Си.

„Таа го исполни сонот на Хитлер! Да ја контролира Европа“, рече амбасадорот на Малта.

Неговиот пост на Фејсбук подоцна беше избришан, а министерот за надворешни работи на Малта, Еварист Бартоло, рече дека веднаш штом дознал што се случило наредил амбасадорот да го отстрани коментарот.

Министерот кажа дека неговата земја ќе и се извини на Германија, пренесува „Тајмс на Малта“.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски