Груевски за колумната на Ахмети: Секој има право да пишува колумни

Од:

Во основа не би коментирал колумни, секој има право да даде свое мислење, да изрази свој став.

Има право и Али Ахмети и Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Тито Петковски, а имаат право да си го кажат своето мислење и претставниците на меѓународната заедница, нагласи премиерот Никола Груевски денеска по барање на новинарите да ја коментира колумната на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

– Се разбира и јас имам право да имам свое мислење и да имам свој став за одредени работи, но имам и обврска пред граѓаните на Република Македонија, дури и она што е мој став и мое мислење да не го спроведам без да ги прашам нив на организиран референдум, изјави Груевски по промоцијата на последните 20 изданија од проектот „Превод на литературни дела на добитници на Нобеловата награда за литература“, со што е заокружена едицијата од 145 наслови.

Тој истакна дека ниту има намера, ниту сака да спречува некого да пишува колумни, да изразува свои ставови.

– Она што е моја задача е да отворам очи, да внимавам што правам и секако за секое сериозно односно крупно решение да го консултирам народот и граѓаните на Република Македонија, рече претседателот на Владата на Република Македонија.

На прашањето дали чувствува притисок за можно решение за името, Груевски потенцира оти не може да каже дека гледа некој притисок, затоа што, истакна, „сум навикнат на многу поголеми притисоци од тоа што вие очигледно го гледате како притисок“.

– Станува збор засега за шпекулации, а јас не би навлегувал во шпекулации. Ова е премногу сериозно прашање за да навлегуваме во шпекулации, појасни премиерот одговарајќи на новинарското прашање дали можното решение за прашањето за името е Горна Република Македонија. Нагласи дека не може да прејудицира и за тоа дали е можно брзо решавање на прашањето за името.

Во врска со најавеното доаѓање утре на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, одговарајќи на новинарското прашање Груевски дециден дека тој не знае за што ќе се разговара и не би сакал да прејудицира за тоа.

– Јас би можел да си претпоставувам за мене, но би било прилично непристојно без да се консултирам со неа за што би разговарале, јас да ви соопштам за нејзиното мислење за што сака да разговараме. Невообичаено е во политичката пракса кога ти доаѓа гостин однапред ти да кажеш што тој мисли да говори со тебе, особено ако не си го прашал или не те информира за тоа. Најдобро е да се обратите во нејзиниот кабинет и да ви кажат од нивна страна што се идеите за разговор или да почекате да помине утрешниот ден и да ви кажеме што сме разговарале, изјави премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност