Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Јун Бјунг Се изјави денеска дека режимот во Пјонгјанг е во опасност да се урне ако не се преземат неопходни промени и го повика младиот лидер на Северот да прекине со бесрамни закани и провокации и да рпеземе реформи.
Изјавата на Јун уследи во време коха во Северна Кореја се прославува најважниот национален празник – годишнина од раѓањето на основачот на нацијата.
– Ние мора да извршиме притисок врз Северна Кореја за да разберат дека без промени нема надеж за нејзин економски напредок, без промени е во прашање и преживувањето на режимот, изјави Јун на светска конференција на новинари во Сеул.
– Време е да се прекине маѓепасниот круг од провокации од Северна Кореја пропратен со мали компромиси, па потоа со нови закани, изјави Јун.