И покрај тоа што Северна Кореја зеде голем замав што се однесува до воената реторика, лидерот на државата Ун веќе две недели не се појавува во јавноста.
Тој се изгуби од очите на јавноста од 1 април, по седницата во парламентот.
Всушност толку е отсутен што кружат приказни за наводна оставка.
Тоа, секако звучи неверојатно, кога ќе се земат во предвид активностите на севернокорејската војска, но гласините се уште кружат, пишува „Атлантик вајер“.
Според некои одсуството на лидерот е дел од стратегијата за застрашување.
Американските медиуми велат дека неговото одсуство е помалку застрашувачко од заканите со нуклеарни бомба.
Елена Георгиевска