Северна Кореја денеска ја прославува 101-годишнина од раѓањето на основачот Ким Ил Сунг, без никакви знаци дека тензиите на Корејскиот полуостров се намалуваат откако Пјонгјанг го отфрли предлогот за разговори со Сеул за нормализација на односите и повторно отворање на заедничката индустриска зона Кесонг.
Третиот претставник на кланот Ким кој е на чело на државата, присуствуваше на полноќната прослава заедно со највисокото раководство, меѓу кои беше и влијателниот чичко Џанк Сонг Таек, и генерали од највисок ранг.
Улиците на Пјонгјанг денеска се полни со луѓе каде државниот празник се слави со голем број спортски приредби, изложби на цвеќе и игри на свечено украсени плоштади.
Викендов беше откриена нова голема скулптура на таткото на државата Ким Ил Сунг пред Министерството за безбедност.