ВИДЕО: Околу 2.000 нови барања за социјална помош изминатиот месец

Од:

Околу 2.000 нови барања за гарантиран минимален доход или социјална помош биле доставени до центрите за социјална работа од усвојувањето на измените за олеснување на пристапот на граѓаните до ова право во услови на кризата предизвикана од коронавирусот. Олеснувањата, како што посочуваат од Министерството за труд и социјална политика, имаат за цел да овозможат системот да реагира брзо кога некој од граѓаните ќе се најде во ризик.

-Во центрите за социјална работа од моментот на носење на уредбата за брз влез во систем на социјална заштита од 3 април, пристигнати се околу две илјади нови барања за гарантирана минимална помош. Од нив 200 се решени, а останатите се решаваат тековно како се добиваат податоци од УЈП и МВР, рече на денешната прес-конференција заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Мерките со кои им се помага на ранливите граѓани и домаќинства се клучни, зашто од една страна ги ублажуваат последиците врз граѓаните кои останале без приход, но од друга страна овозможуваат државата полесно да го мине процесот на еконосмко заздравување.

-Оваа криза покажа дека реформите што беа направени во системот за социјална заштита се добро осмислени и сега помогнаа државата да може добро да се справи со последиците, рече Бајрактар.

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ истакна дека државата преку надлежните институции ќе се погрижи за секој граѓанин кој се соочи со потешкотија и оти никој нема да биде изоставен.

-Владата и МТСП донесоа сет мерки за реалаксирање на критериумите врз основа на кои може да се користи гарантирана минимална помош и со тоа го олеснува пристапот во системот на социјална заштита. Со новите мерки се утврдува материјалната необезбеденост да се утврдува врз основа на приходи на сите членови на домаќинство во последниот наместо како досега во последните три месеци. Ваквиот начин на утврдување ќе важи од април до декември годинава и со неа се овозможува брза реакција на системот за социјална заштита со цел барање фиансискиа поддршка на сите граѓани и семејства кои немаат приходи од разни причини, дали престанок на работен однос, губење други видови приходи, учество во неформалната економија…, рече дополнителната заменик-министерка.

Таа додаде дека право на помош ќе имаат и оние кои се избришани од евиденцијата на невработено лице заради нередовно пријавување или оние на кои работниот однос им престанал спогодбено, по барање или со отказ. Шкријељ потсети дека се направени и други ослеснувања на критериуми за кои по направена анализа утврдено е дека се начести пречки за утврдување на правата.

Би можело да ве интересира

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор