Jапонија и САД : Северна кореја да ги намали тензиите

Од:

САД и Јапонија и понудија на Северна Кореја нови разговори, со цел да се реши конфликтот поради нуклеарниот и ракетен програм, но пред тоа наведоа дека Пјонгјанг мора да ги намали тензиите и да се држи до претходните договори.

Според американскиот државен секретар Џон Кери, Северна Кореја има прав пат пред себе и доколку не скрене од него, ќе наиде на вистинскиот партнер, САД.

Министерот за надворешни работи на Јапонија Фумио Кишида изјави дека Северна Кореја мора да го исполни ветувањето од поранешните договори, кои се однесуваат на нејзината нуклеарна и ракетна програма, како и враќање на поранешните државјани кои ги киднапира.

Кери изјави и дека е подготвен на севернокорејскиот лидер да му понуди директен разговор со владата на САД.

Според официјални лица наСАД и Јужна Кореја, Северна Кореја во наредните денови би можела да приреди уште една провокација, со тестирање на ракети од среден домет.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња