Во Албанија евидентирани 17 новозаразени лица со Ковид-19

Од:

Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 17 новозаразени лица со Ковид-19, што е за седум случаи повеќе споредено со вчера. Според Албана Фицо, директорка на Институтот за јавно здравје, со новодијагностицираните вкупниот број на заразени се зголеми на 820 лица.

– Во последните 24 часа извршени се 140 тестирања на сомнителни случаи, при што позитивен резултат има кај 17 од нив. Од почетокот на пандемијата до сега направени се 9.146 тестови, позитивни се 820, а оздравеле 70 отсто од нив. Додека 219 лица се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови, информираше Фицо.

Таа додаде дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ се 38 пациенти, од кои осум се на интензивна терапија.

Фицо наведе дека епидемиолошката состојба се следи со посебно внимание од сите здравствени структури и апелираше до граѓаните да продолжат да ја почитуваат социјалната дистанца, да ја одржуваат личната хигиена, а за бизнисите кои почнаа со работа строго да ги почитуваат мерките за безбедност.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент