Постепено ќе се отвораат клиниките во Скопје

Од:

На состанок со директорите на клиниките во Скопје ќе се донесе одлука како тие ќе работат во иднина, со цел, да се врати нормалното функционирање, кажа министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, нема потреба од дополнителни капацитети на Инфективната клиника, па така, мобилната армиска болница ќе биде тријажен центар, односно ургентен интернистички центар кој досега функционирал на Клиниката за токсикологија. Таму ќе се проверува дали пациентите се позитивни на Ковид-19.

„Утре ќе имаме состанок со директорите на клиниките во Клиничкиот центар, за нивно постепено враќање во нормала, со изменет терк за закажување преку ‘Мој термин’, со изменето времетраење на прегледите, но и гужвата во амбулантите. Задолжително воведување на е-амбуланта таму каде што може како и соодветно закажување на снимањата со цел да се избегнат гужвите како во рендген институтот така и во болниците каде има дијагностички апарати“, рече министерот Филипче.

Во изминатиот период траеше реконструкција на улиците низ Клиничкиот центар, а тоа е во завршна фаза, при што, се очекува да се намали гужвата при движењето со автомобили.

„До крајот на неделата градот Скопје очекува да се заврши асфалтирањето на улиците, се отвора нова улица помеѓу Хируршката клиника и Клиниката за стоматологија, со што очекуваме да се растерети гужвата. Се отвораат два нови влеза, по повеќе од 50 години и уште еден влез и излез кај Инфективната клиника, каде е поставена и мобилната болница за која во периодот кој што следи ќе стигне и дополнителната опрема“, додаде министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Многу е важно избраните градоначалници и советници да добијат легитимитет од голем број граѓани

Горан Наумовски

Филипче: Ова не се обични локални избори, вашата сила е во гласањето

А1он

(ВИДЕО) Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ!

Филипче од Гостивар: Власта трупа нови долгови, народот тоне во сиромаштија, платите стагнираат

А1он

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски