Регистриран 21 нов случај на Ковид-19 во Грција

Од:

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран 21 нов случај на Ковид-19 и ниту еден нов смртен случај, покажуваат денешните податоци од грчкото Министерство за здравство.

Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во земјата, од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.612 лица, од кои 55,5 отсто се мажи.

Приклучени на апарати во грчките болници се 36 лица, а 76 пациенти се отпуштени од одделите за интензивна нега.

Бројот на починати останува ист како и вчера, 140 лица, на просечна возраст од 74 години.

Досега во Грција направен е 77.251 тест на новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов