Триесетгодишен Германец од покраината Хесен, на лото освои 46 милиони евра, соопшти денес компанијата „Лото Хесен“ во Висбаден.
Тој ја погодил комбинацијата од седум броеви и станал победник на Евроџекпотот, кој се игра во 14 држави во Европа.
Првото извлекување на оваа игра е организирано во март 2012 година, а играчите тогаш требало да погодат пет броеви, од еден од 50 и два дополнителни броја од еден до 8.
Најголемата добивка до денес изнесува 43,5 милиони евра, на територијата на Германија и беше регистирана 2007 година.
Елена Георгиевска