На здравствените работници заболени од Ковид-19, нема да им се кратат пари за боледување

Од:

На заболените здравствени работници од Ковид-19 нема да им се крати од платата за боледувањата. Министерот за здраство Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека во однос на боледувањето на здравствените работници, решението е најдено и тоа веќе ќе се имплементира преку измена во Правилникот на Министерството за труд и социјална политика.

Платата ќе биде целосно покриена, рече Филипче, најпрво од работодавецот првиот месец, а потоа и од Фондот кај сите кои се заболени од оваа болест третирајќи го како професионално заболување.

Во однос на партиципацијата за лекувањето, единствено можно решение беше измена во Програмата за партиципација во рамки на Министерството за здравство и тоа ќе биде направено во текот на следната недела, најави министерот за здравство.

Филипче одговораше на новинарско прашање во врска со јавните барања на одредени лекари, за инфирицираните медицински лица кои добиле кооронавирус на работа тоа да се третира како професионално заболување и да не им бидат одбивани пари од платите.

Би можело да ве интересира

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Мицкоски: Нема да има зголемување на платите на функционерите

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот