Властите во Луксембург со намера да го тестираат целокупното население во државата

Од:

Луксембург почнува тестови за коронавирус со кои сака да го опфати целото население, мерка што ќе оди заедно со рестриктивните ограничувања, рече министерот за истражување, Клод Меиш.

Тестовите ќе бидат доброволни и ќе можат да се тестираат и оние што живеат преку границата во Германија, Франција и Белгија кои доаѓаат да работат во Луксембург.

Околу 8.500 ученици и наставници ќе бидат тестирани пред да се отворат училиштата на 4 мај.

– Може да се прават најмалку 20.000 тестови секој ден, рече министерот.

– Наша цел е да го тестираме целото население, некои и повеќепати, истакна Меиш, додавајќи дека може да се направи во релативно краток период, благодарение на фактот дека земјата е мала.

Во Луксембург има 3.792 регистрирани случаи на заразени и 88 починати.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Во оваа земја во Европа луѓето работат најмалку, најмногу уживаат и најдолго живеат: Ја нарекуваат „рај на земјата“

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска