Северна Кореја не извршила движење на сомнителни мобилни лансирни рампи изминатите два дена, што покажува дека нема индикации дека земјата ќе истрела ракета, изјави денеска јужнокорејски претставник, јави ДПА.
Претходно оваа недела Северна Кореја распоредуваше ракети со среден дострел Мусудан од и кон пристанишниот град Вонсан. Во провинцијата Јужен Хамген беше забележано движење на пет превозни средства, за кои се претпоставуваше дека превезуваат мобилни ракетни рампи.
Според јужнокорејскиот претставник од четвртокот досега не било забележано движење на ракетна опрема и нема закани од истрелување.