Во Вухан веќе нема хоспитализирани од Ковид-19

Од:

Во Вухан, градот во кој почна пандемијата со новиот коронавирус, нема повеќе хоспитализирани по отпуштање на последните 12 пациенти, соопшти Здравствената комисија во покраината Хубеи.

Сите преостанати пациенти на Хубеи беа сместени во Вухан, главниот град на провинцијата каде од епидемијата починаа најмногу во Кина – 3.869, што е повеќе од 80 проценти од смртните случаи во државата.

„Тоа е историски ден“, објавија државните медиуми.

Хубеи веќе нема сомнителни случаи во своите болници, иако 1.728 лица кои биле во близок контакт со заразени лица остануваат под медицински надзор, објави денеска провинциската здравствена комисија.

Во другите градови во Кина има се уште хоспитализирани, вклучувајќи 67 во Шангај и три во Пекинг.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија