Најтешките случаи во „8 Септември“ ќе се лекуваат со озонирање на крвта, а утре почнува и лекувањето со крвна плазма

Од:

Во Градската општа болница „8 Септември“ од денес е однесен апарат за озонска терапија на најтешко болните заразени со коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Домашните анестезиолози направиле детални анализи на искуствата од другите земји каде веќе пациентите се лекуваат на ваков начин.

„ Озонирање на крвта што е една метода која се користи за третманот на овие пациенти, пред се за најтешките случаи. Има публикации и искуства од други земји и врз основа на тие искуства тимот на анестезиолози од болницата ’8 Септември’ направи една детална анализа на навистина обемна литература. Заклучија дека вреди да се направи еден обид оваа терапевтска мерка да се аплицира кај овие пациенти. Деновиве почнува и оваа апликација, практично станува збор за метода со која се озонира едена одредена количина на крвта која се вади од пациентот и потоа таа истата се враќа во неговата циркулација“, рече министерот Филипче.

Докторка од анестезиолошката служба во болницата „8 Септември“ по детална анализа му укажала на министерот дека оваа терапија може да ја примаат одредена група пациенти. Засега министерот вели дека немаат доказ дека помага, но во исто време немаат ниту доказ дека одмага. Одлуката кај кој пациент да се примени терапијата ќе биде на анестезиолозите.

„Ќе оставиме на проценка на анестезиолозите , тие кои секојдневно се со пациентите ќе кажат за кој пациент може да се примени и врз основа на која индикација. Сакам да потенцирам една работа, нема ограничување за оваа терапија. Значи на кој пациент и да даде индикација, ќе може да ја прими терапијата“,рече министерот Филипче.

Тој објасни дека причина за тешката слика кај заболените од коронавирусот е недоволната оксигенација на крвта, а со озонирањето се подобрува способноста да однесе кислород до ткивата.

„ Се вадат 15 милилитри, се озонираат и се враќаат во циркулацијата. Тоа може да се повтори неколку пати во денот. Тој е механизмот на делување. Терапијата се индицира врз основа на проценка на степенот на оксигенација на крвта. Тоа е параметар кој што може да се мери и се мери кај сите пациенти што се во интензивна нега. Кај оние пациенти кои имаат тешкотии со дишењето кај кои според оние претпоставени механизми самата крв е компромитирана па еритроцитите не можат да го врзат кислородот за да го однесат до ткивата, ова може да помогне. Значи на кратко, подобра можност крвта да оксигенира ткива во повеќе органи во организмот“, објасни министерот Филипче.

За утре на Институтот за трансфузиона медицина е закажана и првата екстракција на плазма која исто така ќе се користи за третман на пациенти заболени од Ковид – 19. Оваа метода превидува со крвта од веќе излекувани пациенти да се лекуваат најтешко болните. Министерот нагласи дека овој начин на лекување со крвна плазма, може да се примени само кај пациенти кај кои има индикации за такво лекување.

Би можело да ве интересира

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања,

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднела 200 амандмани на буџетот за 2025 за кој вели дека е нереален и генератор на нови долгови

Филипче му ја честиташе победата на Доналд Трамп

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС