Розовите фламинга го преплавија западното крајбрежје на Албанија

Од:

Карантинот во кој е Албанија поради пандемијата со Ковид-19 се чини дека донесе придобивки за животинскиот свет и животната средина.

Во земјата позитивен ефект е збогатувањето на фауната, објави „Еуроњуз“ додавајќи дека за повеќе од трипати се зголемил бројот на розовите фламинга.

„Розовите фламинга во големи јата летаат во Албанија и се забавуваат во солената вода на крајбрежјето во западниот дел на земјата. Бројот се зголеми затрипати, а може да се забележи како уживаат во новото секојдневие поради карантинот условен од Ковид-19“,наведува „Еуроњуз“.

Но, тие не се единствените птици што безгрижно ги шират своите крилја.

„Кадравите пеликани „цутат“ во спокојството. Нивните старатели се надеваат дека смиреноста ќе ги натера птиците да се репродуцираат, истакнува „Еуроњуз“.

Задоволството од тоа искажа и албанскиот премиер Еди Рама.

„Добро утро.Какво волшебство има Албанија“, напиша Рама на фејсбук постирајќи фотографија од летот на розовите фламинга.

Розовиот фламинго е најраспространет вид од семејството на фламингата. Повеќето од пердувите му се розовобели, но крилјата му се покриени со црвени пердуви, а основните и средните пердуви за летање му се црни. Клунот му е розов со црн врв, а нозете му се целосно розови.

Овие птици живеат во мочурливи предели и плитки крајбрежни лагуни со солена вода.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он