Северна Кореја објави видео во кое наведува дека, доколку започне војна на Корејскиот полуостров, Токио во Јапонија, ќе биде правата мета. Оваа објава следи, доколку Јапонија, продолжи со својот непријателски став.
Во коментарот кој го пренесе средната корејска агенција, Северна Кореја ја осуди јапонската наредба да се уништат сите ракети кои би биле лансирани кон Јапонија, додавајќи дека, таквите акции би довеле до нуклеарен напад на Јапонија.
Јапонија го распореди својот противракетен одбранбен систем „Патриот” и испрати разорувачи, опремени со најнови СМ-3 проектили, кои патролираат во источното море, за да се спротивстават на секоја закана која ја претставува Северна Кореја. Известувачките служби тврдат дека Пјонгјанг е подготвен да лансира ракети секој миг.