Обвинителството во Кочани поведе постапка против 25 лица кои не го почитувале полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за казнени налози против 23 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата на Република Северна Македонија за сузбивање на опасната болест предизвикана од коронавирусот, со тоа што пеш или со возило се движеле низ градот за време додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата, соопштија од ОЈО.

За стореното кривично дело, Обвинителството му предложило на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина до 2000 евра.

– За две лица, Обвинителството до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог, бидејќи тие покрај стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1, го сториле и кривичното дело – напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, наведоа од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски