Најмалку четири лица , меѓу кои и две деца починаа од последици од труење со храна, поради што вчера беа хоспитализирани околу 96 лица, во еден град на запад од претстолнината на Гватемала.
Според соопштението на лекарите, жртвите јаделе овошје и зеленчук кои не биле добро измиени. Лекарот изјавил дека анализите покажале дека смртта е предизвикана од бактеријата Ешерихија коли.
Началникот на болницата Хосе Моралес за „Франс прес“ истакна дека бактеријата се размножува во храна поради лошата хигиена.
Елена Георгиевска