Чулев тврди дека тој барал намалување на полицискиот час, а Владата ќе одлучува по барање од Комисијата за заразни болести

Од:

Комисијата за заразни болести која секојдневно одржува состаноци со цел справување на пандемијата со коронавирусот испратила барање за намалување на траењето на полицискиот час, но тоа не го сторил и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој напиша на социјалните мрежи дека тоа е негова заслуга, информираат извори од владата. Ова го потврдува и министерот за здравство, Венко Филипче, кој на последната прес-конференција кажа дека Владата ќе одлучува по предлог на комисијата, односно епидемиолозите кои се нејзини членови.

„Имајќи ги предвид статистичките податоци кои се однесуваат на лицата кај кои е утврдено присуство на корона вирусот кои имаат надолна тенденција и фактот дека зад нас е ограничување на движење кое траеше цели 85 часа и кое покрај превентивна здравствена улога, имаше негативно влијание на психосоцијалната состојба кај граѓаните ја информирам јавноста дека утрово на седницата на кризниот штаб во рамките на владата предложив итно и неодложно намалување на времетраењето на ограничувањето на движењето за граѓаните“, напиша Чулев на „Фејсбук“.

Министерот Чулев, непосредно пред велигденските празници, барал и да се заострат мерките за справување со пандемијата, бидејќи, како што посочил, полицијата не можела да се справи со ситуацијата и непочитувањето на мерките.

Барањето за намалување на полицискиот час кој во работните недели треба да започнува во 19 часот, а во викендите од 13 часот, доаѓа по долга анализа на членовите на Комисијата за заразни болести и истото утрово било презентирано на министерот Филипче.

Во изминативе денови, од Владата неколку пати повторуваа дека се подготвува план за намалување на рестрикциите, а премиерот Оливер Спасовски вчера најави дека целта на планот е враќање на животот во нормала.

Инаку, барањето до Владата е полицискиот час во текот на неделата ќе почнува од 19 часот и да трае до 5 часот изутрина. За време на викендот полицискиот час да почнува од 13 часот во сабота и да трае до 5 часот во понеделник. Потоа, на возрасните лица да им се продолжува времето на движење, од 8 часот наутро до 12 часот на пладне, а на младите до 18 години, од 13 часот до 16 часот. И натаму останува забраната за групирање на граѓани во поголема група од пет лица.

Министерот Филипче, посочи дека за сметка на ова, се воведува задолжителното носење маски во затворени простории (маркети, банки, здравствени установи, аптеки, сите затворени објекти каде има повеќе лица), како и на отворените места каде што не може да се одржи физичка дистанца од два метра, како на пример пазарите.

Би можело да ве интересира

Чулев: Во моментот на инцидентот во М-НАВ имало 40 прелети, авион оставен да кружи

Чулев: Зградата на М – НАВ претставува објект од критична инфраструктура од исклучителна важност за функционирањето на државата, сторителите на делото треба да бидат најостро санкционирани

Предраг Петровиќ

Наќе Чулев: Јас ја реактивирав истрагата за пасошите, Спасовски чекаше предолго да ја заврши

Жарко Настоски

Чулев: МВР не беше информирано за набавката на софтверот на Рашковски

Жарко Настоски

ВИДЕО: Условна затворска казна за советникот на Чулев кој нападна началник од Тетово

Наќе Чулев добил позитивен резултат на корона-тест

Жарко Настоски