А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Чулев: МВР не беше информирано за набавката на софтверот на Рашковски

by А1он19/03/2021 - 20:4220/03/2021 - 01:24575
Share0

„Во врска со отворената покана за политички дуел од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, господинот Драги Рашковски, моја обврска како одговорна личност и поранешен министер за внатрешни работи е да ги информирам граѓаните за фактичката состојба во врска со проектот “Безбеден град”, а поврзано со набавка на софтвер за регистрирање на сообраќајни прекршоци, на ист начин како што и МВР ја информира јавноста за посочениот проект односно дека МВР не било информирано за наведената набавка,“ напиша на Фејсбук поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Напоменувам дека изјавата не е во никој случај политичка, туку истата ја дадов како експерт на кој му беше укажана доверба и чест да раководи со Министерството за внатрешни работи. Изјавата не содржи политички флоскули, туку реални факти и аргументи. Доколку господинот Рашковски смета дека не ја зборувам вистината слободно нека иницира соодветна судска постапка за клевета,“ додава Чулев.

„Мојата лична култура и политичката етика не ми дозволуваат за вакви прашања да дискутирам на дебати и не сметам дека тие се место за решавање на прашања за кои веќе јавното обвинителство има започнато предистражна постапка. Оставам институциите на системот да ја завршат во целост нивната работа, а јас стојам на нивно располагање во секое време,“ вели тој.

dragi raskovskinakje culevraskovski

Би можело да ве интересира

Чулев: Во моментот на инцидентот во М-НАВ имало 40 прелети, авион оставен да кружи

Катерина Ѓуровски06/01/2024 - 12:11

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски14/11/2023 - 10:0614/11/2023 - 12:29

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Горан Наумовски06/07/2023 - 17:12

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

A1on06/07/2023 - 15:30

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ06/07/2023 - 14:1306/07/2023 - 17:50

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Катерина Ѓуровски06/07/2023 - 11:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео