МВР: Изготвени 23 кривични пријави за жителите на Ченто кои излегоа на улица за време на полицискиот час

Од:

Во врска со настанот кој што се случи минатиот понеделник во населбата Ченто, а во кој поголема група на граѓани ја прекршија мерката за ограничување на движењето, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во изминатиот период беа преземени активности насочени кон целосно расчистување на настанот и идентификување на учесниците во истиот, информираат од МВР.

„Во таа насока до овој момент, освен трите лица кои првично беа приведени и за кои веднаш беше поднесена кривична пријава, дополнително по извршена оперативни активности идентификувани се уште 23 лица. Тие се повикани во полициска станица и со истите е извршен службен разговор, за што е изготвена соодветна документација. По целосно комплетирање на документацијата, изготвена е кривична пријава против 23 лица за сторено кривично дело предвидено и казниво по член 206 од КЗ и истата е доставена до Основното јавно обвинителство“, велат од Министерството.

Покрај ова, а во насока на целосно расчистување на настанот, Министерството за внатрешни работи и понатаму презема соодветни мерки и активности со цел идентификација и на останатите учесници, и по целосно завршување на постапката ќе биде доставен дополнителен поднесок до надлежното ОЈО.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари