Толпа револтирани граѓани се собраа на улиците во Сингелиќ оти полицијата апсела лица кои не го почитувале полицискиот час

Од:

Немири се случија вечерва во населбата Сингелиќ каде што се собраа стотици луѓе, изреволтирани затоа што полициски службеници уапсиле три лица, кои не го почитувале полицискиот час, а тие тврдат дека биле во нивните дворови.

Немирите се случуваа кај стадионот во близина на црквата во населбата Сингелиќ во општината Гази Баба, каде се собраа стотици луѓе, за време на полицискиот час, за да изразат револт и да им дадат поддршка на три лица кои биле приведени поради непочитување на полицискиот час.

Меѓу приведените, како што дознаваме, имало и еден советник од општината Гази Баба од СДСМ, поради нарушување на полицискиот час.

Тие бараа полицијата да ги остави раат, а преку социјалните мрежи упатуваа апели „сите жители на населбата да излезат на главната улица и да ја блокираат“.

„Полицијата ни влегува дома, не не оставаат на мир“, пишуваа тие на социјалните мрежи.

По извесно време дојде и градоначалникот на општината, Борис Георгиевски. Половина час по настанот, тој за „А1он“ изјави:

„Дојдов на лице место да видам што се случува. Засега се е во ред, толпата е разбиена, сите се во своите домови. Никој не е уапсен. Три лица беа повикани на информативен разговор поради непочитување на полицискиот час, но и тие се пуштени“.

Полициски извори за „А1он“ тврдат дека претходно неколку лица во населбата биле затечени како шетаат по улиците и кршеле лежечки полицаец, а сето тоа ги стримале на социјалните мрежи. Откако интервенирала полицијата, настанал револт и стотици луѓе излегле на улицата.

Градоначалникот, според нашите извори, смирувал и ургирал да не интервенираат полициските екипи, бидејќи тој ќе ја смирел толпата.

Извори од МВР за „А1он“ велат дека против лицата кои не го почитувале полицискиот час ќе бидат поднесени соодветни пријави. За нив не е побарана мерка притвор, но ќе бидат поднесени кривични пријави, а ќе се гонат и оние кои фрлале со камења по полицијата.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

(ВИДЕО) Немири во Германија: Изгоре дом, нападната станица, 300 уапсени, повредени полицајци

А1он

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

Орце Костов