Романскиот Институт за истражување на злосторствата на комунизмот и сеќавање на романското ропство подготви постапки за отпочнување истраги против 35 лица на возраст меѓу 81 и 99 години, осомничени за извршени злострства и злоупотреби во затворите во периодот на комунистичкиот режим во Романија.
Како што објави весникот „Адеварул“, осомничените извршувале „одговрни функции во репресивниот комунистички апарат“ и се претпоставува дека извршиле политички мотивирани злосторства.
Според весникот, Институтот се сомнева дека во затворите, логорите и казнените колонии каде што биле вработени, 35-мината извршиле тешки злосторства кои имаат елементи на масовни убиства или геноцид.
Институтот наскоро планира собраните документи да ги достави до Јавното обвинителство, кое треба да започне постапка против осомничените.