Групата земји против корупцијата на Советот на Европа (ГРЕКО) денеска предупреди на ризиците од пораст на корупцијата поради пандемијата со Ковид-19 во секторот здравство и апелирапше до државите на максимална транспарентност.
ГРЕКО објави насоки за 50 земји на Советот на Европа со цел да се спречи корупцијата во контекст на здравствената криза предизвикана од пандемијата со новиот коронавирус.
Ерупцијата на епидемијата со Ковид-19 ги зголемува ризиците од корупција, а посебо е ранлив секторот здравство,п оради потребата за итна набавка на медицински материјали, поедноставените правила за набава, пренатрупаните болници и преоптоварениот медицински персонал, посчува ГРЕКО.
Претседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела истакна дека поради пандемијата „со оглед на концентрацијата на моќ, укинувањето на одредени права и слободи и вбризгувањето на големи суми пари во економијата за да се надмине кризата, не смеат да се потценат ризиците од пораст на корупцијата“.
Коруптивните пракси би можеле да ги погодат сите јавни и приватни сектори и можат да се појават во облик на подмитување во услужните сектори поврзани со здравството, судир на интереси и лобирање во истражувањето и развој на нови производи, комерцијализација на медицинските производи и измами поврзани со Ковид-19 т.е. рекламирање на фалсификувани лекови, се истакнува во соопштението.
Поради тоа ГРЕКО апелира до властите на сите ниво на максимална транспарентност и комуниација при донесување на одлуките.
ГРЕКО е формиран во 1999 година со цел да се зајакнат капацитетите на земјите-членки во борбата против корупцијата, во кои членнуваат 47 земји-членки на Советот на Европа, како и Белорусија, Казахстан и САД.