Социјалната мрежа „Фејсбук“ во Франција ќе го наплаќа праќањето пораки, по извршените проби во САД и Велика Британија.
На тој начин за неколку евра пораките на француските корисници од личности кои не им се познати, ќе им пристигнуваат во главното сандаче.
За да се контактира на пример американскиот рапер Снуп Лајон потребно е да се издвојат 11,70 евра.
Наспроти тоа за да се контактира актерката Вероник Жене треба да се издвојат 80 центи.
На сајтот „Инрокс“ се поставува прашање според кое правило варира тарифата и зошто тој систем не се применува на сите пораки упатени кон луѓето со кои контактира корисникот, а не му се пријатели. Прашањата се уште се без одговор.
Елена Георгиевска