САД денеска ја одбележуваат 25-годишнината од терористичкиот напад во Оклахома Сити, кога во експлозија на камион-бомба паркиран пред федерална зграда загинаа 168 луѓе, меѓу кои и 19 деца.
Терористичкиот напад беше извршен на почетокот на работниот ден од бомбаш со антивладини десничарско-екстремистички погледи.
Во зградата во која имало и детска градинка, се наоѓале вкупно 700 лица. Стотици биле потешко и полесно повредени. Моќниот удар разурна и оштети неколку околни згради и уништи и 86 паркирани автомобили.
На местото на зградата сега е изграден Меморијален комплекс. Поради пандемијата од Ковид-19, одбележувањето на трагичиот настан денеска се одвива виртуелно на веб-сајтот на музејот, каде луѓето од околината и на национално ниво постираат свои впечатоци од овој трагичен ден, многумина се потсетуваат на роднините и пријатели кои загинаа во екплозијата.
Нападот во Оклахома Сити е најтрагичниот терористички акт во историјата на САД извршен од домашен террорист.
На овој ден пред 25 години ветеранот од Заливската војна, Тимоти Меквеј, пред федералната зграда Алфред Пол Мура паркирал камион натоварен со 2.300 килограми експлозив, го напуштил местото и ја активирал бомбата далечински. Истата ден е застанат од полицијата поради управување на возило без таблички и упсен за незаконско носење оружје.
Меквеј подоцна беше идентификуван како бомбашот од Оклахома Сити, осуден на смрт, и во јуни 2001 година егзекутиран во затвор во Индијана.