Во Албанија опаѓа бројот на новозаразени со „Ковид-19“, се зголемува на оздравени

Од:

Во Албанија во последното деноноќие има девет новодијагностицирани лица со коронавирус, со што бројот на заразените се зголеми на 548 лица, информираше Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита.

Од ново заразените пет се од градот Курбин, вработени во погон за производство на чевли, поради што погонот е затворен, а 250 вработени се во домашна изолација.

– Од појавата на новиот вирус тестирани се 5.311 сомнителни случаи при што позитивен резултат има кај 548 или околу 10 отсто од вкупниот број тестирани. Оваа бројка според епидемилозите е потврда за добра контрола на епидемијата и за една задоволителна бројка на тестови за да се оцени ситуацијата, рече Ракацоли.

Според неа, во последните 24 часа 19 пациенти се додадени на списокот на оздравени,со што вкупната бројка на оздравени изнесува 302 лица.

-Моментно во нашата земја има 220 активни заразени лица и како што може да се види, бројот на оздравени е поголем, а овој тренд продолжува веќе седум дена. За жал до сега 26 пациенти ја изгубија битката со болеста, и покрај напорите на медицинскиот персонал, додаде Ракацоли.

Информираше дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 43 пациенти, од нив 11 сена интензивна нега и се во тешка состојба, додека четворица се интубирани.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент