Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека вакцината против коронавирусот, тогаш кога ќе биде пронајдена, мора да биде „глобално јавно добро“ достапно до сите, пренесоа агенциите.
Гутереш на Твитер објави пост во кој истакна дека за развојот на вакцината против Ковид-19 е потребна глобална соработка и дека вакцината, еднаш кога ќе биде направена, мора да им биде достапна на сите луѓе во сите краишта на светот.
We need a global coalition to develop a #COVID19 vaccine, which must become available and affordable for everyone, everywhere.
It must be considered a global public good.
— António Guterres (@antonioguterres) April 17, 2020
„Таа мора да претставува глобално јавно добро“, напиша тој.