Саудиска Арабија, која во моментов претседава со Г-20, денеска соопшти дека ќе донира 500 милиони долари за поддршка на глобалната борба против пандемијата на коронавирус и ги повика другите земји и организации да донираат средства.
Од споменатите средства, 150 милиони американски долари се наменети за Коалицијата за епидемиска подготвеност и иновации, 150 милиони долари за Глобалната алијанса за вакцини и имунизација и 200 милиони долари на други здравствени организации и програми.
Ријад, преку соопштени, ги повикува сите други земји, невладини организации, филантропи и приватниот сектор да донираат средства за да ја покријат финансиската дупка, од околу осум милијарди американски долари потребни за соодветен одговор на пандемијата на коронавирус.